8-ми Март во Прага

399 евра / 24.740 денари

Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага – главната престолнина на Република Чешка со сигурност ги заслужува.

Сместена во срцето на Европа – плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет.

Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.

1 ден (07.03.2024 – Четврток ) СКОПЈЕ - ПРАГА

Состанок на аеродромот во Скопје во 10:35. Полетување за Прага во 12:35 ч., со еден стоп во Виена.
Слетување во Прага во 16:00 часот. После царинските формалности следува организиран трансфер до хотел.
Сместување и слободно време. Во вечерните часови може да се организира првото запознавање со Прага, по предлог на пратителот на групата.

2 ден (08.03.2024- Петок) ПРАГА

Појадок во хотел.По појадокот следува организиран разглед на градот со локален водич.
Атракции кои се предвидени да се посетат се следниве: Карловиот мост; Плоштадот на Малтешките витези; Споменикот на Карло IV; Кралскиот пат; Еврејскиот кварт; Париската улица; Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој; Црквата Лорето; Градската куќа; Прашната кула; Националниот музеј; Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица… Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности.
Ноќевање.

3 ден (09.03.2024 - Сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот следува посета на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање назад кон Прага, слободно време. Ноќевање.

4 ден (10.03.2024 - Недела) ПРАГА - СКОПЈЕ

Појадок во хотел. После појадокот ќе имате слободно време за последното кафе во Прага. Во договорено време следи трансфер до аеродром. Во 16:40 полетување кон Скопје, преку Виена (5 часа преседнување на аеродром). Слетување во Скопје 15 минути по полноќ.

Што е вклучено во цената:

  • Лет на релација Скопје – Прага – Скопје;
  • Аеродромски такси;
  • Мала кабинска торба до 8кг (40x30x20cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел 3* на услуга BB – 3 ноќевања;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Што не е вклучено во цената:

  • Туристичка такса 4 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
  • Разглед на Прага со локален водич – 20 €
  • Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 45 €
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз.

Важно

РЕДОВНА ЦЕНА 489€
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВИ ВО АГЕНЦИЈА

Факултативни излети

Разглед на Прага со локален водич

Цена за пакет: 20 €

Атракции кои се предвидени да се посетат се следниве:
– Карловиот мост;
– Плоштадот на Малтешките витези;
– Споменикот на Карло IV;
– Кралскиот пат;
– Еврејскиот кварт;
– Париската улица;
– Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој;
– Црквата Лорето;
– Градската куќа;
– Прашната кула;
– Националниот музеј;
-Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица…

Посета на Карлови Вари со организиран трансфер

Цена за пакет:

Појадок. По појадокот следува посета на Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија.

Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари.