Сабота 17 Август 2024 година
Ed Sheeran ја носи својата рекордна + - = ÷ x турнеја во Европа 2024 год.
Европскиот концерт ќе биде продолжение на неговата минатогодишна турнеја по Европа. Овие вести пристигнаа по неговите претходни турнеи по Соединетите Американски Држави каде постави бројни рекорди по број на посетители, вклучувајќи го SoFi стадионот во Лос Анџелес и MetLife стадионот во Њѕ Џерси, каде овој вториот важи за најпосетен еднодневен концерт во историјата на САД.
Со самото тоа што оваа година Ед Шеран издаде два албуми наречени „-” (Одземање) и Есенски вариации „Autumn Variations“ и двата ги зазаедоа првите места на топ листите ширум светот. Издадени во Мај и Септември добија многу пофалби од музичките критичари а Шеран соработуваше и за двата албуми со Aaron Dessner од бендот The National.
Концерот е закажан за 17.08.2024 година во Ушче,Белград со почеток од 18.00 часот но билетите за концертот веќе се почнати со продажба на официјаната страна на организаторот.
Како специјален гостин на концертот е најавен Calum Scott.
16.08.24 Петок - Поаѓање од Неготино пред 11 катницата во 21,00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце. Попатни паузи за одмор и царински формалности.
17.08.24 Сабота - Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на тврдината Калемегдан, а потоа следува посета на плоштадот Република - Трг Републике и слободно време за прошетка и шопинг по познатата улица Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Кратка пауза за одмор и поаѓање кон Ушче на спекталарниот концерт на Ед Шеран. По завршување на концертот враќање во хотелот. Ноќевање.
18.08.24 Недела - Појадок. Го напуштаме хотелот и се упатуваме кон храмот Св.Сава По посетата на храмот се посетува новиот дел на градот кој излегува на реката Сава - Нов Белград или уште познат како Београд на води. Слободно време индивидуални активности, разглед, прошетка, или пак шопинг во трговскиот центар Галерија.
Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цена на аранжманот = 6200 денари
Во цената е вклучено:
- Превоз на дадената релација со туристички минибус/автобус зависно од бројот на пријавени лица
- Организација и реализација на патувањето
- Придружник за време на патувањето
- Сместување во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок
Во цената не е вклучено:
- Патничко здравствено осигурување
- Билет за посета на концертот
- Влезници за локалитетите кои се посетуваат доколку ги има
- Се друго што не е наведено во програмата
НАПОМЕНА:
- за оваа патување важат општите услови за патување на Дајо Турс и СКТМ
- Сместувањето во хотелот е во 1/2 и 1/3 соби. За сместување во еднокреветна соба се доплаќа.
- Името на хотелот ќе биде објавено дополнително.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- За патувањето е потребна валидна лична карта или пасош